Seminarski i Diplomski Rad

Gradska kultura (Makedonski)
Vrsta: Seminarski | Broj strana: 13 | Nivo: Filozofski fakultet, Skopje

Содржина
ГРАДОВИТЕ И КУЛТУРАТА 2
Потребата од елементи на контрола 3
Психологија и архитектура 5
Паталогија и пренаселеност 6
Монохронија и полихронија 7
Автомобилски синдром 9
Единки на колективни живеалишта 11
Манифест за планирање на иднината 12
ГРАДОВИТЕ И КУЛТУРАТА
Демографски прилив во сите градови во светот создаде серија буништа со посмртсно дејство од колку хидрогенска бомба. Човекот се соочува со верижна реакција а практично не ги знае кулурните атоми кои ја предизвикуваат. Доколку можеме врз човекот да ги примениме знаењата со кои се здобивме во врската со животните, кога се наоѓаат во пренаселена средина или се во туѓ биотоп, доколку сме повеќе загрозени од драматични последици на човеково натрупување. Проучување на етнологијата и споредбената проксемија би требало да не предупредат на опасностите кои не демнат поради силниот прилив на селско население во урбаните центри. Проблемот на приспособување на овие маси не се поставува само од економски причини, туку се однесува и на прифаќање на едн стил на живот. Овие маси треба да се соочат со тешкотиите кои им ги создаваат непознатите системи за комуникација, непријателски простори и сите паталошки феномени врзани за место кое по свое однесување преставуваат буниште.
Во Соединетите Американски Држави црнецот од ниските класи, во врска со неговата адаптација на урбаниот живот предизвикува проблеми кои доколку не бидат решени, би мозеле да ги направат градовите невозможни за живот.
Често недоволно се обрнува внимание на фактот дека цнците од ниските класи и белците од средните класи произлегуваат од различни култури. По многу нешта положбата на американските црнци е слична со онаа на американските индијанци. Овие малцинства се разликуваат од доминантната група по фундаменталните кулурни разлики во однос на основните поими и вредности како што се структурата и управување со просторот, времето материјата, со кои секој се здобива на почетокот на животот. Некои водачи на црнци отишле до таму што тврделе дека ниеден белец не е способен да ги разбере нив црнците. Тие секако биле во право кога станува збор за црната култура на ниски слоеви но, сепак мал број на луѓе успеале да ги разберат дека културните разлики слични на оние од кои страдаат црнците, се засилени со предрасуди, а во основа немаат ништо заедничко со природата на самата предрасуда. Тие се неразделни од човечката положба и се исто толку стари, колку и човекот. Треба да се нагласи дека дека главните американски градови ги доведуваат во контакт луѓето кои припаѓаат на разни култури, наметнувајќи им високи демографски концентрации, кои не наведуваат да спомнеме некои резултати на паталогот Шарл Сутвик. Имено, Сутвик открил дека глувците “Перомисцус” издржуваат многу високи демографски концентрации во нивниот кафез, под услов да не се внесе глушец од друг вид. Во спротивно, ние набљудуваме не само значајно зголемување на борбеност туку, и зголемување на тежината на надбубрежните жлезди и покачување на процентот на созинофил во крвта(два сиптома карактеристични за состојба на стрес.) Дури и ако се успее да се укине дискриминацијата и сите предрасуди спрема црнците, како и да се избрише срамнато минато, црнецот од пониските класи ке мора секогаш во американските градови да се соочува со состојба на услови кои водат кон стрес: буништето (“џунглата” во уличниот јазик длабоките културни разлики кои ги раздвојубаат од доминантната средна класа на белци и сосем туѓиот биотоп во кој што треба да живеат.)

---------- CEO RAD MOŽETE PREUZETI NA SAJTU. ---------- 

www.maturski.org 

 

MOŽETE NAS KONTAKTIRATI NA E-MAIL: [email protected]

 

 

maturski.org Besplatni seminarski Maturski Diplomski Maturalni SEMINARSKI RAD , seminarski radovi download, seminarski rad besplatno, www.maturski.org, Samo besplatni seminarski radovi, Seminarski rad bez placanja, naknada, sms-a, uslovljavanja.. proverite!